†МПЦ-ОА » МПЦ-ОА - Православен Богословски Факултет » Конкурс за запишување на редовни и вонредни студенти
Posted date: 2020-06-28 23:21:25
Православниот богословски факултет
„Свети Климент Охридски“ – Скопје, објавува
К О Н К У Р С
за запишување на редовни и вонредни студенти во I година во академската 2020/2021 година
Право на упис на Православниот богословски факултет имаат кандидати од православна вероисповед, кои завршиле богословија или гимназија со положена матура, државна или меѓународна. На Факултетот може да се за запишат и кандидати кои завршиле гимназија и положиле училишна матура. Исто така, на Факултетот може да се конкурира и со друго средно образование, но само со одобрение од Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква. Сите кандидати освен богословите, полагаат и приемен испит.
Доколку на конкурсот се пријават поголем број од предвидениот број кандидати, селекцијата ќе се врши врз основа на успехот од средното образование.
На конкурсот кандидатите, во оригинал или заверен препис, ги поднесуваат следниве документи:
Кандидатите своите документи ги доставуваат во Службата за студентски прашања при Факултетот, на 31август и на 1 септември 2020 година, за првиот уписен рок, на 15 и 16 септември 2020 година за вториот уписен рок и на 28 септември за трет уписен рок.
Приемните испити се полагаат на 2 септември за првиот уписен рок, на 17 септември 2020 година за вториот уписен рок.
Резултатите од приемниот испит ќе бидат објавени на 7 септември за првиот уписен рок и на 24 септември 2020 година за вториот уписен рок.
За оваа академска година ќе се примат 50 редовни и 50 вонредни кандидати.
Д е к а н
Проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски
Login with a social network