Весникар - најнови статии

Весникар - најчитани статии

Излезе од печат вториот дел од книгата Слепченски пролог со химнографија

29/04/2022

Воочи празникот на светиот свештеномаченик Кипријан Слепченски, по Божјо благоволение, излезе од печат вториот дел од книгата Слепченски пролог со химнографија, творештво на сестринството на Манастирот св. Јован Претеча Слепче. 

Во вториот дел, продолжение на месец Декември, се содржани светителите кои се празнуваат од 10 до 20ти ден во месецот, нивно пролошко житие, икона на светителот, тропар на македонски, со превод на црковнословеснки и англиски јазик, приложени на западни нотни и источни неумски партитури.

Вториот том е збогатен со фрагменти од ракописниот Слепченски стиховен пролог од 16 век, пишуван од рацете на познатиот книжевник Висарион Слепченски, како и со калиграфска изведба на тропари напишани со глаголично писмо.

Original Link...


Tags: None
0 comments
Report        

Read On: